Ивчевски на Европскиот шампионат во супермото

Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на третиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година што ќе се одржи во недела, на патеката во Вранско, Словенија.

Ивчески, на претходните два натпревари одржани на патеката во Плевен, Бугарија, успеа да освои 50 бодови, со кои се наоѓа на осмото место во конкуренција од 24 натпреварувачи. 

Моментално водечки во класата Опен од Европскиот шампионат во супермото е Александар Георгиев од Бугарија со 83 бодови, пред Турчинот Ата Нурчан и својот сонародник Ангел Каранјотов со по 78 бодови. 

Последниот, четврти натпревар ќе се одржи следниот викенд во Сакарија, Турција. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: