Најбогатиот Французин сака да стане Белгијанец

Loading...

 

Најбогатиот Французин, а воедно и најбогатиот Европеец, Бернар Арно побара белгиско државјанство, објави весникот „Ла Либр Белжик”.

Арно, кој е претседател на мултинационалната компанија за луксузни производи LVMH, според листата на списанието Форбс е четврти најбогат човек на светот со имот вреден 41 милијарди долари.

Арно поднел барање за натурализација до ресорниот одбор на белгискиот парламент.

Веста дека најбогатиот Французин сака да стане белгиски државјанин ги поттикна нагаѓањата  дека мотивите за ваквиот чекор се од фискална природа. Наредната недела француската влада се очекува да донесе конечна одлука за усвојување на пакет мерки со кои највисоките приходи во државата би се оданочиле по стапка од 75 отсто.

Арно ги негира ваквите наоди и вели дека побарала белгиско државјанство со цел да ги зголеми инвестициите во таа држава.

Преземено од Макфакс.

 

loading...
Loading...