Ирачкиот потпретседател Тарек ал-Хашеми осуден на смрт со бесење

 

Ирачкиот суд во неделата во отсуство избеганиот потпретеседателот Тарек ал-Хашеми го осуди на смрт со бесење за убиство на една адвокатка и еден генерал.

Покрај потпретседателот Тарек ал-Хашеми, на смрт се осудени и неговиот личен секретар и неговиот зет.

Правосудониот прогон на Хашеми, еден од главните сунитски лидери во земјата, и некои припадници на неговата гарда кои се обвинети, е врз основа на 150 обвиненија, особено за убиствата на шест судии и неколку високи функционери, меѓу кои и генералниот директор на министерството на национална безбедност, меѓутоа на смрт се осудени само за убиството на адвокатка и на генералот Талиб Беласим.

„На судот му се предадени докази против Тарек ал-Хашеми и неговиот секретар Ахмед Кахтан, доволни за пресуда за две убиства“, стои во пресудата што ја прочитал претседателот на судот, пренесува AFP.

Судот ги осуди во отсуство на смртна казна со бесење.

Тарек ал-Хашеми во април годинава пребегна во сунитска Турција, којашто одбива да го екстрадира на ирачките власт. Побегна од земјата откако властите побараа негово апсење. Неговиот случај предизвика политичка криза и обновување на поделбата и меѓусебната нетрпеливост меѓу сунитскиот, шиитскиот и курдскиот политички блок.

Хашеми го прозива шиитскиот премиер Нури ал-Малики, за кој тврди дека води политичка хајка против сунитските противници, но владата тврди дека станува збор за правосуден процес.

Кризата во Ирак изби во ноември минатата година само неколку дена откако и последните војници на САД ја напуштија земјата, а беше проследена со повеќе крвави напади на секташка основа во која животите ги загубија стотици Ирачани.

Серијата бомбашки напади се случија во периодот кога официјални лица на ирачката армија изјавија дека се откриени нови детали од страна на специјалната комисија за утврдување на фактите формирана во ноември 2011 година во врска со експлозијата на автомобил-бомба во Багдад, којашто, според нив, очигледно била насочена против премиерот Нури ал-Малики.

На 28 ноември 2011 година, претставници на ирачките безбедносни сили изјавија дека две лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на паркингот пред ирачкиот парламент во ткн Зелена зона, најдобро обезбедуваниот кварт во Багдад, каде се лоцирани најголемиот број владини објекти и странски дипломатски претставништва.

По овој инцидент за вмешаност во нападот ирачки официјални лица го обвинија ирачкиот потпретседател Тарик ал-Хашеми. Тие, исто така, тврдеа дека целта на нападот бил претседателот на парламентот, Осама Абдул Азиз ал-Нуџајфи. Но подоцна, на 3-ти декември, ирачкиот премиер откри дека тој бил цел на нападот.

Ирачките власти потоа издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател.

Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење.

 Блокот Ал Иракија, која има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение, велејќи дека тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.

 Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.

Ал Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-Мултаг.

Пронајдете не на следниве мрежи: