Металург го декласира Хаслум и се пласира во ЛШ

 

Ракометарите на Металург ја потврдија високата класа и втора година по ред изборија пласман во фазата по групи, во Лигата на шампиони.

Откако во саботата ракометарите на македонскиот шампион, лесно ја победија австриската Алпла со 25:19, во неделата ракометарите на Металург, во клучниот натпревар за пласман во елитното натпреварување, во Осло, го декласираа домаќинот Хаслум 30:20 (16:8). 

Металург во Лигата на шампиони ќе се натпреварува во Ц групата заедно со екипите на Силкеборг (Данска), Горење (Словенија), Киелце (Полска), Шамбери (Франција) и Санкт Петербург (Русија).

Натпреварите во Лигата на шампиони ракометарите на Металург ќе ги отворат на 30. септември кога ќе му гостуваат на Шамбери.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: