Заврши шаховската Олимпијада

Loading...

 

Во Истанбул, заврши 40-та шаховката Олимпијада.

Последниот ден шаховските репрезентации на Македонија, во машка и женска конкуренција, забележаа победи. 

Мажите ја совладаа Шкотска со 2,5:1,5, идентична победа забележаа дамите против селекцијата на Порторико. 

Во конечниот мласман машката репрезентација го освои 38-то место (6 победи, едно реми и 4 порази), додека дамите завршија на 65-та позиција (5 победи, едно реми и 5 порази). 

Златниот медал кај мажите го освои Ерменија, на второто место се пласира Русија, а трети беа шахистите на Украина. Во женска конкуренција со златниот медал се закитија шахистките на Русија, среброто замина во Кина, а бронзата во Украина.

 

Макфакс

loading...
Loading...