Бобан Бабунски и младите фудбалски надежи денес ја пишуваат ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Loading...

Веќе ја напишаа, младите македонски фудбалски надежи верувале или не, играат за бараж кој води на ЕП, нешто што досега на фудбалски репрезентативен план не сме имале можност да видиме, и тоа е можно, благодарение на нашите Млади талентирани фудбалери кои докажаа како се бранат боите на националниот тим, во младата категорија на фудбалери.

Денес, со почеток во 19 часот во Крушевац (Србија) започнува да се пишува Македонската фудбалска репрезентативна историја, ја пишуваат Младите Македонски фудбалски бисери до 21 годишна возраст.

Имено, Младите репрезентативци играат за историскиот Бараж кој разигрува за пласман на ЕП, нешто што можеби ретко кој го очекуваше.

Она што е најважно, тие направија повеќе од очекувањата, ги надминаа своите, а со самото тоа и нашите очекувања, што и да се случи во Крушевац, спортската јавност во Македонија треба да упати големи честитки и целосно да застане зад овие храбри момчиња кои не направија горди.

Време е да почнеме да го градиме победничкиот менталитет со искрена поддршка до сите што дадоа искрен допринос за мак-спортот, а младте фудбалски репрезентативци го направија тоа.

Како и да е, ние искрените љубители на спортот секако дека ќе се надеваме на успех, спортски е да се надеваме, а од друга страна ќе чекаме кикс на селекцијата на Данска.

Спортската редакција на „Пулс24“ ги известува своите ценети читатели дека денес, со почеток од 19 часот ќе ви ги пренесуваме сите информации од Крушевац, ќе известуваме за овој голем историски настан.

loading...
Loading...