ВТА листа: Азаренка прва, Серена четврта, Вознијаки испадна од Топ 10

 

Серена Вилијамс и покрај освоената титула на последниот грен слем во сезоната, УС Опен, остана четвртото место на најновата ВТА листа.

Прва на листата е поразената во финалниот меч на УС Опен, Викторија Азаренка, додека Марија Шарапова која во Њујорк играше во полуфиналето на второто место ја мина Агњешка Радванска, полската тенисерка сега е на третата позиција. 

Позициите пет и шест ги задржаа Петра Квитова и Анжелик Кербер, додека Сара Ерани благодарение на настапот во полуфиналето на УС Опен од десеттото се проби на седмото место што е нејзин најдобар пласман во кариерата. 

Ли На остана на осмото место, додека од седмото на деветтото место падна Саманта Стосур. 

Топ 10 листата завршува со Марион Бартоли, која ја мина Карлон Вознијаки. Тенисерката од Данска која годината ја започна на првото место, поради лошите резултати на турнирите, за само девет месеци испадна и од Топ 10. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: