Познати сите учесници во ракометната ЛШ

Loading...

 

Комплетирана е листата на учесници во фазата по групи во ракометната Лигата на шампиони.

Втора година по ред дел од европскиот ракометен крем ќе бидат и играчите на македонскиот шампион Металург. „Металурзите“ на турнирот во Норвешка ја потврдија високата класа, откако во решавачкиот меч со 30:20 го совладаа Хаслум. 

Пласман во фазата по групи избори и романската Констанца, екипа која во новата сезона од клупата ја предводи македонскиот селектор Звонко Шундовски. 

Покрај Металург и Констанца, низ квалификациите пласман во фазата по групи изборија Партизан, Хамбург и Динамо Минск. 

Состав на групите во Лигата на шампиони:

Група А: Moнпеље (Франција), Чеховски Медведи (Русија), Фленсбург (Германија), Адемар Леон (Шпанија), РК Партизан (Србија) и Хамбург (Германија)

Група Б: Kил (Германија), Веспрем (Унгарија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Савехоф (Шведска), Цеље (Словенија) и Констанца (Романија)

Група Ц: AГ Koпенхаген (Данска), Горење (Словенија), Киелце (Полска), Шамбери (Франција), Санкт Петербург (Русија) и РК Металург (Македонија)

Група Д: Барселона  (Шпанија), Загреб (Хрватска), Шафхаузен (Швајцарија), Берлин (Германија), ПИК Сегед (Унгарија) и Динамо Минск(Белорусија).

Металург натпреварите во Лигата на шампиони ќе ги започне на 30. септември, кога во Франција ќе му гостува на Шамбери.

 

Макфакс

loading...
Loading...