Србија-Македонија (во живо)

 

                                                                            почетни состави

Serbia

MACEDONIA

1

Branimir Aleksić (GK)

 

1

Stole Dimitrievski (GK)

 

4

Slobodan Medojević (C)

 

3

Kirce Ristevski

 

5

Nemanja Gudelj

 

5

Goran Bogdanoviс (C)

 

6

Milan Rodić

 

6

Antonio Stankov

 

7

Ognjen Mudrinski

 

7

Aleksandar Trajkovski

 

10

Nenad Krstičić

 

8

Zeni Husmani

 

11

Saša Marković

 

9

Samir Fazli

 

15

Aleksandar Pantić

 

10

David Babunski

 

16

Luka Milunović

 

11

Predrag Randjelović

 

19

Luka Milivojević

 

17

Filip Najdovski

 

20

Nikola Ninković

 

20

Stefan Spirovski

 

Замени

12

Aleksandar Kirovski(GK)

 

12

Andreja Efremov (GK)

 

2

Miloš Kosanović

 

2

Vladica Brdarevski

 

3

Marko Petković

 

13

Stefan Aškovski

 

8

Filip Malbašić

 

14

Filip Timov

 

9

Djordje Despotović

 

16

Aleksandar Stankov

 

17

Nemanja Kojić

 

18

Darko Micevski

 

18

Miloš Jojić

 

19

Flamur Tairi

 

 

 

www.uefa.com

 

Текстуален пренос во живо од мечот Србија 21 – Македонија 21

Стадион Младост (Крушевац)

Гледачи: 6000

 

1' Почеток на мечот

5' Слалом на Спироски, случајно потоа топката до Бабунски, реагира одбраната на Србија, корнер за Македонија

6' Шут на Ранѓеловиќ, покрај голот, убав удар

8' Соло акција на Гудељ но лоша завршница

10' Гол за Србија, 1-0 Мудрински

13' Добар удар на Ристевски, одбрана на Алексиќ, корнер за Македонија 

16' Фаул над Хусмани од страна на Нинковиќ, притоа Нинковиќ не дозволи веднаш да се изведе и заработи жолт картон

20' Крстичиќ шутира покрај голот 

24' Топка за Мудрински, Богдановиќ одлично ја изгради топката, аут за Македонија

27' Родиќ убаво центрира од левата страна, Милунивиќ шутира со глава, топката оди над голот 

28' Топка кон Зени Хусмани, но нашиот репрезентативец се најде во офсајд

30' Србија сеуште води со 1-0 и до овој момент ја има доминацијата на теренот 

31' Милуновиќ одзеде топка во средината, изби сам пред Димитриевски но нашиот голман одлично беше поставен, расчистена опасноста

34' Според информациите, стигнуваат лоши вести од Данска, имено, селекцијата на Данска во овој момент води со 2-0 над С. Ирска

35' Фазли во недозволена позиција

37' Милуновиќ лежи на теренот, се жали на повреда, Спироски ја исфрла топката во аут

39' Милуновиќ го постигнува вториот гол за Србија, 2-0 за селекцијата на Србија, притоа заработува жолт картон поради соблекување на дресот

41' Жолт картон за Родиќ

43' Марковиќ шутира одлично и прецизно, но Димитриевски е добро поставен на голот

Данска-С. Ирска 3-0 (полувреме)

45' 2 минути продолжение за ова полувреме

Заврши првиот дел на овој натпревар, Србија со головите на Мудрински 10-тата минута и Милуновиќ во 39-тата минута води со 2-0 на полувреме.

Да потсетиме, веќе шансите за пласман во баражот за ЕП се неверојатни, Данска на полувреме води со високи 3-0.

Се читаме во вториот дел по кратката пауза.

ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ…

Статистика- Удари во рамките на голот (Србија 6 / Македонија 2), Удари вон рамките на голот (Србија 7 / Македонија1)

46' Почеток на вториот дел

46' Малибашиќ влегува во игра на местото на Нинковиќ (Србија) / Ашковски влегува на местото на Најдовски, Таири го заменува Ранѓеловиќ (Македонија)

49' Неверојатна шанса за Фазли, изби сам очи во очи со голманот но шутираше мошне непрецизно

50' Добра акција на Македонија, Трајковски додаде до Антонио Станков, но неговиот шут беше блокиран

52' При корнер за Србија, мала конфузија во одбраната, но сепак на крајот се добро се заврши

53' Добра топка од Бабунски кон Фазли, Самир Фазли паѓа во шеснаесетникот при дуелот со Марковиќ, судијата ја продолжува играта

54' Фаул за Македонија, брзо изведен, Трајковски упатува добар удар но сепак непрецизно

56' За момент Србија се најде во изгледна шанса, но сепак офсајд досуден

59' Непрецизен удар на Крстичиќ

СЕЛЕКЦИЈАТА НА ДАНСКА СЕУШТЕ ВОДИ СО 3-0 НА МЕЧОТ ПРОТИВ С. ИРСКА

63' Јојиќ влегува во игра на местото на Марковиќ (Србија)

67' Нововлезениот Јојиќ стрела за 3-0 при контра-напад на селекцијата на Србија

68' Статистика- Удари во рамките на голот (Србија 7 / Македонија 6), Удари вон рамките на голот (Србија 8 / Македонија1)

70' Јојиќ постигнува гол и селекцијата на Србија води со високи 4-0

71' Којиќ влегува на местото на Мудрински (Србија) / Александар Станков влегува на местото на Стефан Спироски (Македонија)

Моментален резултат од мечот Данска-С. Ирска 3-0

75' Којиќ и прилика за Србија, шутот непрецизен

77' Гол за Македонија, Фазли го постигнува првиот гол за селекцијата на Македонија на овој меч, Србија-Македонија 4-1 

81' Малибашиќ постигнува гол, Србија води со 5-1

82' Јојиќ (Србија) / Бабунски (Македонија) добиваат жолт картон

87' Фазли лежи на теренот се жали на повреда при еден дуел во скокот

90' 4 минути продолжение на натпреварот

90' Бабунски добива црвен картон

Крај на натпреварот, Србија – Македонија 5-1

1-0 Мудрински 10'

2-0 Милуновиќ 39'

3-0 Јојиќ 67'

4-0 Јојиќ 70'

4-1 Фазли 77'

5-1 Малбашиќ 81'

 

(ве замолуваме да ја рефреширате страната за да бидете информирани минута-по минута за мечот)

Пронајдете не на следниве мрежи: