Голем пораз на нашите млади фудбалери во Србија

Мудрински со голот во 10-тата минута ја започна голеадата на Србија, Миливојевиќ во 39-тата минута зголеми на 2-0 и така гласеше резултатот по првите 45 минути.

Во вториот дел селекцијата на Србија повторно постигнува гол преку Јојиќ во 67-мата минута, а само 3 минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 4-0 што веќе се најави тежок пораз за нашите млади фудбалери. 

Фазли во 77-мата минута постигна погодок со што намали на 4-1, но Србија повторно го зголеми своето водство, овој пат на 5-1 со голот на Малбашиќ во 81-вата минута од мечот. Конечниот исход од мечот гласеше 5-1 победа на селекцијата на Србија.

Инаку да издвоиме дека во 90-тата минута, односно кон крајот на мечот Давид Бабунски заработи втор жолт картон и по автоматизам го доби црвениот картон.

По се се чини дека пресуди тоа што нашите млади фудбалери беа понесени од огромниот успех што го постигнаа, па во услови на огромна еуфорија во сопствените редови тие забележаа убедлив пораз од 5-1 од нивните врсници од Србија, нема зошто да тагуваме и очајуваме, селекцијата на Данска со 3-0 ја совлада селекцијата на С. Ирска.

Резултатот е во позадина, во преден план е огромната борбеност на нашите фудбалски бисери кои докажаа како се бранат боите на својата национална репрезентација, овој квалификациски циклус на нашите млади фудбалски бисери беше најдоброто репрезентативно нешто што воопшто некогаш и се случиле на Македонија на репрезентативно фудбалски план.

Главите горе, честитки за огромниот успех, а вие сениори од националниот тим пазете се, имате силна конкуренција а можеби и веќе сте под нивото на младите кои уште утре можат да ви го завземат вашето место во А-селекцијата, Чеде, еве ти ја приликата за освежување на А-тимот, БИРАЈ.

Пронајдете не на следниве мрежи: