Познати сите учесници на Евробаскетот во Словенија

 

Во вторникот завршија квалификациите за пласман на Европското првенство во кошарка, чии домаќин следната година ќе биде Словенија.

Во пресрет на последното коло имаше уште пет слободни места за настап на континеталното првенство, нив ги освоија Турција, Србија, Летонија, Шведска и Белгија. 

Група А:
Естонија-Исланд 80:58
Црна Гора-Словачка 80:48
Србија-Израел 83:67

Табела. Црна Гора 10/0, Израел 6/4, Србија 6/4, Естонија 6/4, Исланд 1/9, Словачка 0/10. 

Група Б:
Германија-Азербејџан 81:68
Луксембург-Шведска 58:63

Табела: Германија 8/0, Шведска 4/4, Бугарија 4/4, Азербејџан 4/4, Луксембург 0/8

Група Ц:
Хрватска-Австрија 78:74
Кипар-Унгарија 58:63

Табела: Хрватска 8/0. Украина 6/2, Австрија 3/5, Унгарија 3/5, Кипар 0/8

Група Д:
Грузија-Холандија 97:89
Романија-Летонија 77:85

Табела: БиХ 6/2, Грузија 6/2, Летонија 5/3, Холандија 2/6, Романија 1/7

Група Е:
Финска-Швајцарија 84:77
Албанија-Белгија 46;82

Табела: Полска 6/2, Финска 6/2, Белгија 5/3, Швајцарија 3/5, Албанија 0/8

Група Ф:
Турција-Чешка 81:58
Белорусија-Португалија 77:64

Табела: Италија 8/0, Турција 5/3, Чешка 5/3, Белорусија 2/6, Португалија 0/8

Покрај домаќинот Словенија и европскиот првак Шпанија, пласман на Еуро 2013 од претходното Европско првенство во Литванија изборија: Македонија, Франција, Велика Британија, Литванија, Грција, Русија. Низ квалификациите патот кон Словенија си го трасираа: Црна Гора, Израел, Србија, Германија, Украина, Хрватска,Украина, БиХ, Грузија, Белгија, Летонија, Полска, Финска, Турција, Италија и Чешка.

 

Макфакс 

Пронајдете не на следниве мрежи: