Милион ипол луѓе за независност на Каталонија

Повеќе од милион луѓе се собраа во Барселона во вторникот барајќи независност на Каталонија од остатокот на со кризата погодената Шпанија, соопшти локалната полиција.

„Имаше 1,5 милион луѓе и се протече мирно“, изјави портпаролот на полицијата.

Катaлонците се собраа под паролата „Каталонија, нова европска држава“.

Реки од луѓе со каталонски знамиња дефилираа на улиците од каталонската престолнина Барселона на националниот ден на Каталонија, Даида, многумина од нив обвинувајќи ја Шпанија дека ги втурнала во криза.

„Што сакаат луѓето? Нова европска држава! Што сакаат луѓето? Независна Каталонија“, извикуваа граѓаните на Барселона.

Каталонците горди на својата различна култура и јазик, сеѐ повеќе чувствуваат дека неповолно минуваат во односите во Мадрид, а нивниот регионален претседател сега бара право самите да ги одредуваат и трошат своите даноци.

„Мојата цел е да се постигне договор со централната влада во сферата на економијата и да се обидеме да ја заштитиме Каталонија, како и да ѝ дадеме на нашата земја инструменти за градење на нашата иднина, нашата национална иднина“, изјави каталонскиот претседател Артур Мас на прес-конференцијата, истакнувајќи дека доколку не се постигне договор во економијата „патот на Каталонија кон слободата е отворен“.

Каталонија, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, во шпанскиот бруто домашен производ (БДП) учествува со 20 отсто. Мас смета дека регионот ѝ дава на Шпанија многу повеќе отколку што добива.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: