Отворени денови во Сивус Едукативниот и Развоен Центар од среда до сабота

Loading...

Сивус Едукативниот и Развоен Центар (SEDC) ги организира вторите по ред SEDC Отворени денови, кои ќе траат од среда до сабота (12-15 септември), почнувајќи од 08:00 до 19:00 часот.

Четиридневната програма на Отворените денови се фокусира на претставување на наставните програми на првата програмерска академија SEDC CоdeCademy, како и на најсовремената академија за дизајн во Македонија SEDC Design Academy.

Во рамките на Отворените денови, се организирани презентации од партнерските компании и можностите за вработување, како и тестирања за двете академии со можност за освојување полугодишни или годишни стипендии во износ од 30%, и наградни игри за освојување попусти на IT обуките.

Настанот им овозможува на учесниците детално да се запознаат со сите програми и обуки во организација на Сивус едукативниот и развоен центар, како и професионално кариерно советување, и обиколка низ просториите на центарот и на ИТ компанијата Сивус. Како надополнување, секој ден во попладневните часови ќе се одржуваат и презентации за родители кои ќе им овозможат подобро запознавање со програмите, условите и придобивките од студирањето во SEDC. Целосната програма и распоред на Отворените денови е достапна на веб страницата на СЕДЦ.

Од особена важност за заинтересираните посетители и идните студенти е што во текот на овие четири дена SEDC овозможи бесплатен превоз до нашите простории, преку такси превоз (IN TAXI – од било кое место во Скопје) или автобуски превоз (ЈСП – со приложување на искористениот автобуски билет во SEDC).

макфакс

loading...
Loading...