Домашен алкохол уби осуммина во Чешка

 

Осум лица во Чешка починале откако пиеле рум и водка направени во домашни услови кој содржеле метанол, извести полицијата во вторникот, а станува збор за најтежок случај на алкохолно труење во земјата во последните 30 години.

Покрај починатите хоспитализирани се уште дваесетина лица, а полицијата предупредува дека би можеле да се појавата уште вакви случаи. Жртвите се од различни региони на Чешка.

Министерството за здравство го засили надзорот врз рестораните и баровите откако дел од сомнителниот алкохол се појавил и во главниот град Прага. Премиерот Петр Нечас ситуацијата ја оцени како сериозна.

Полицијата привела 36-годишник осомничен за производство на опасни алкохолни пијалаци. Иако ваквите сериозни случаи во Чешка се сериозни, државата и индустријата проценуваат дека продажбата на илегално произведените алкохоли расте и зазема 10 до 20 отсто од пазарот.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: