Пукано врз американскиот конзулат во Либија, еден полицаец убиен

Loading...

 

Вооружени луѓе подметнале пожар во американскиот конзулат во Бенгази во источниот дел на Либија, и ноќта кон средата стрелале во зграда, при што едно лице е убиено, јави AFP повикувајќи се на претставници на либиското министерство за внатрешни работи.

„Припадник на персоналот на американскиот конзулат е убиен, а друг е ранет во раката. Другиот персонал е евакуиран, жив и здрав“, изјави за агенцијата, заменик-министерот за внатрешни работи на Либија, Ванис ал-Шариф.

Претходно во вторникот, протест против прикажувањето на филмот се одржаа во Египет, каде неколку илјади луѓе ја опколија канцеларијата на американската дипломатска мисија, извикувајќи антиамерикански слогани и го запалија американскиот знаме пред амбасадата на САД. На еден од столбовите во близина на амбасадата демонстрантите поставија црно знаме со зборовите од главните исламски заповеди: „Не постои друг Бог, освен Алах, а Мухамед е неговиот пророк”.

Преземено од Макфакс.

loading...
Loading...