Германскиот Уставен суд даде зелено светло за ратификацијата на Европскиот механизам за стабилност

Германскиот Уставен суд во средата даде зелено светло властите во Берлин да ги ратификуваат последните механизми за спас на еврозоната, со што ги смири стравувањата за справување со финансиската криза, јави AFP.

Осумте судии од Уставниот суд му дозволија на претседателот Јоаким Гаук да потпише законските текстови за идниот спасувачки фонд на еврозоната Европскиот стабилизациски механизам (ESM) и Пактот за финансиска стабилност.

Сепак, тие поставија услов секое зголемување на финансиското учество на Германија во капиталот на фондот да оди на гласање во германскиот парламент. 

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: