Наковска-Бикова ќе добие 30.000 евра од Владата за златниот медал

Loading...

Еднократна парична награда на Оливера Наковска-Бикова за освоениот златен медал на Параолимписките игри во Лондон, во висина од 30.000 евра, ќе и биде доделена, одлучи Владата на вчерашната седница.

„Оливера Наковска-Бикова постигна огромен успех, освојувајќи златен медал и поставувајќи светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон 2012″, се вели во соопштението од Влада.

 

Во среда, Наковска-Бикова ќе биде примена и од премиерот Никола Груевски, кој лично ќе и се заблагодари за постигнатиот спортски успех.

 

Макфакс

loading...
Loading...