Авганистан забрани YouTube поради филмот кој го навредува Исламот

Авганистан забрани пристап на YouTube со цел да ги спречи Авганистанците да го видат американскиот филм, кој го навредува пророкот Мухамед и кој предизвика протести во северна Африка и убиство на американскиот амбасадор во Либија.

„Кажано ни е да го укинеме пристапот до YouTube за авганистанската јавност додека таа виде снимка не биде отстранета“, изјави директорот за информатичка технологија во авганистанското министерство за технологија Аимал Марјан.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди филмот, во кој Мухамед е прикажан како љубовник и лажен пророк, велејќи дека оние што го снимиле филмот сториле „ѓаволско дело“.

Карзаи истакна и дека навредувањето на Исламот не е дозволено ниту во слободниот говор.

Пронајдете не на следниве мрежи: