Најмалку 14 починати од труење од алкохол во Чешка

Loading...

Најмалку 14 лица починаа, а над 20 се сместени во болница во Чешка, откако консумирале жестоки алкохолни пијалаци во кои имало метанол, соопштија во четврток локалните власти.

„Последниот биланс е 14 починати, но таа бројка треба да се земе со резерва, бидејќи се потребни два до три дена за да се утврди точната причина за смртта преку аутопсија, изјави чешкиот министер за здравство, Леош Хегер.

Владата изрази загриженост од продажбата на жестоки пијалоци со процент на алкохол над 30 отсто на штандови и киосци.

макфакс

loading...
Loading...