Заборски: Државното признание 8-ми Септември ми е најдрагата награда која досега сум ја примил

Loading...

 

Добитникот на државното признание 8-ми Септември м-р Бошко Заборски вели дека со воведувањето на наградата за тренерите и стручните лица, тие повеќе не се маргинализирани во споредба со спортистите и таа е сега само мотив повеќе за останатите тренери да остваруваат поголеми резултати

Разговараше: Бојана Стојчевска

Кажете ни нешто за себе, зошто од сите спортови Вие го одбравте каратето?
Заборски: Првенствено се занимавив со кошарка, потоа кога бев некаде четврто одделение се отвори карате секија, но набрзо таа се затвори и јас и се вратив на кошарката. Кога доволно потпораснав почнав, сфатив дека вистинските резултатит се во индивидуалните спортови и затоа повторно активно да се занимавам со каратето. Бев на многу европски светски првенства, а имав чест и да го носам репрезентативниот дрес. По триесеттата година, одлучив да бидам тренер. Сметав дека сум доволно образуван и дека можам многу да придонесам. За надградба на своето знаење посетував и многу семинари. Тренерската кариера ја започнав во карате клубот Шампион, каде бев две години,а потоа од самото создавање, па се досега сум тренер на најтрофејниот клуб Макпетрол.

Во денешно време, каратето е распространет спорт кај нас. Вие сте тренер на најтрофејниот клуб, како се справувате со конкутенцијата, која е вашиот мотив да го задржите лидерското место?
Заборски: Врвот се задржува само со секојдневна работа. За наша среќа ние имаме одлични услови, бидејќи имаме голема помош од нашиот спонзор. Голема помош и поддршка добиваме и од Агенцијата за млади и спорт преку стипендиите кои ги земаат нашите сениори. Успех се постигнува кога ќе се спојат на соодветен начин науката и стручноста.

Сте биле на многу натпревари и како учесник и како тренер. Дали постои некој го можете да го издвоите како најдраг?
Заборски: Повеќе од 15 години не сум пропуштил ниеден натпревар. А, за најдраг можам да го издвојам победата која ја освоивме над јапонската репрезентација во екипна борба за мажи. Оваа победа ни е поттик за понатамошни успеси бидејќи ја победивме земјата која е лулка на каратето. Успесите на моеите каратисти Наташа Илиевска, Жарко Арсовски, Наташа Стефановски, Симоа Заборска и многу други.

Имате добиено многу признанија, а сега добивте и државно признание 8-ми Септември. Како реагиравте кога ви ја соопштија веста?
Заборски: Да, точно е имам многу светски признианија, но наградата 8-ми Септември за мене има посебно значење, поготово поради тоа што бев во првите пет добитници. Се надевам дека Агенцијата за млади и спорт ќе направи оваа награда да се доделува секоја година. Мило ми е што некој се сети да ни оддаде признание и на нас тренерите и лекарите без кои спортистите не можат, бидејќи со години ние бевме маргинализирани во споредба со спортистите кои кај нас добиваат секакви награди. Добивањето на ова признание за мене значи дека позитивно сум ја афирмирал државата и каратето надвор од нашите граници.

Што би им препорачале на младите кои се занимаваат со спорт?
Заборски: Младите треба да знаат дека бенефициите од спортот се големи, но исто така и дека секој не може да биде врвен спортист. Тренирањето на одреден спорт позитивно влијае на самодовербата на луѓе и од нив прави тие да бидат поупорни, покарактерни, за општеството да има поголеми продобивки од нив.

 

Макфакс

loading...
Loading...