Тинејџер го претепал наставникот поради лекција за Мароко

Loading...

Според првичниот извештај, до инцидентот во гимназијата „Треги“ во Бордо дошло поради лекција за вероисповед, во која била допрена тема за исламот, но директорот на училиштето Доминик Маргерита ги демантираше овие наоди.

Според него, расправата избила околу политичкото уредување во Мароко, држава од кадешто потекнува обвинетиот ученик и нема врска со религијата.

„Наставникот сакал лекцијата да ја насочи на историја и географија, но ученикот упорно барал од него подобро да ја објасни политичката ситуација во државата, од која што води потекло“, наведе директорот на училиштето.

Во Франција живеат најмалку четири милиони муслимани.

макфакс

loading...
Loading...