Еден загинат и десетици повредени во напад на американската амбасада во Јемен

Едно лице загина, а десетици се повредени во напад врз американската амбасада во главниот град на Јемен, Сана’а, во четвртокот јавува новинската агенција Синхуа.

Демонстрантите, како и во другите арапски муслимански земји, протестираа против филмот произведен во САД со наслов „Невиноста на муслиманите“. Жителите на јеменската престолнина Сана’а ја опколија зградата на американската амбасада и продреа на нејзината територија. Тие запалија неколку автомобили кои им припаѓаат на дипломатите, а исто така скршија и неколку прозорци на зградата на дипломатската мисија.

„Главната зграда на амбасадата е сé уште добро заштитена од страна на безбедносните сили на Јемен и САД, но некои демонстранти успеаја да се искачат на ѕидот околу комплексот згради на амбасадата. Во моментов ситуацијата е под контрола, затворени се улиците коишто водат кон амбасадата, затворена“, ја пренесува агенцијата изјавата на претставник на министерството за внатрешни работи на Јемен, чие име не се наведува.

Припадниците на безбедносните сили пукаа во воздух обидувајќи се да го отфрлат налетот на разгневената толпа. За растерување на демонстрантите, исто така, биле искористени и водени топови.

Според Reuters, јеменската aмбасада во Вашингтон дала уверување на американската влада дека Јемен ќе ги почитува своите меѓународни обврски да се осигура безбедноста на дипломатите и да се зајакне заштитата на странските дипломатски мисии во земјата.

„За среќа, информации за жртви (на персоналот амбасада) во текот на овие спонтани инциденти не се пријавени“, се вели во соопштението на амбасадата.

Нападите брз американските дипломатските мисии во северна Африка и на Блискиот исток започнаа непосредно по одбележувањето на годишнината од терористичките напади на Ал Каеда врз САД од 11-ти септември 2011 година, а укажува на ранливоста на американските службеници во време на длабоките промени што се случија минатата година во арапскиот свет. Се случија во времето кога насилни протести избија во Египет и Либија, бидејќи медиумите пренесоа дека на интернет е поставен филм „Невиноста на муслиманите”.

Филмот на интернет ресурсот за размена на видео материјали го поставил 52-годишниот Сем Бејсил, 52-годишен Американец од израелско потекло кој собрал 5 милиони долари од 100 еврејски донатори за снимањето на филмот. „Исламот е канцер”, го цитира Бејсил весникот. Меѓутоа, подоцна се испостави дека всушност станува збор за анонимно лице кое се крие под наведениот псевдоним.

Филмот почнува со снимки коишто прикажуваат како египетските безбедносни сили мирно гледаат како муслиманите ги пљачкосуваат и палат домовите на египетските христијани Коптите. Следат карикатурални сцени на пророкот Мухамед прокажан како вонбрачно дете , како кловн, женкар, хомосексуалец, злоставувач на деца и алчен, крвожеден злосторник.

Видеото беше раширени која контроверзниот американски пастор Тери Џонс од Флорида почна да го промовира и самиот го прогласи 11-ти септември „Меѓународниот Судниот дена на Мухамед”.

Пасторот Џонс во вторникот објави дека филмот е „од американска продукција, но не му е цел да ги напаѓа муслиманите, туку да покаже колку е разорна исламската идеологија”. . Токму нападите врз амбасадата во Египет и конзулатот во Либија покажуваат дека муслиманите „не трпат ништо друго освен Мухамед” , а дека исламот „е целосно разочарување”, рече Џонс.

Според американските медиуми Џонс со своите изјави ги поттикна и смртоносните напади во Авганистан во 2010 и 2011 година, кога се закануваше со запалување на светата муслиманска книга Куранот.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: