Горан Пандев: Со помош на нашата публика ќе паднат Хрватска и Србија!!!

Горан Пандев на својата официјална фејсбук фан страна објави статус за претстојните натпревари.

„Игравме добро, имавме шанси, а освоивме само 1 бод на овие две тешки гостувања. Се надевам дека со повеќе среќа и иста желба за победа како на претходните натпревари и со нашиот 12-сети играч – публиката ќе паднат големите фаворити Хрватска и Србија… НАПРЕД МАКЕДОНИЈА“ напиша на својата официјална „Facebook“ фан страна Горан Пандев.

Наредниот натпревар нашата селекција го игра против Хрватска на 12.10.2012 на „Филип Втори“, а само 4 дена потоа играме повторно на домашен терен против Србија.

Фото: mirror.co.uk

Пронајдете не на следниве мрежи: