1ви мај– Ден на трудот или нешто сосема друго?

Меѓународен ден на трудот – меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 
Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.
Прославата на 1 мај во Куманово во 1909 година се смета дека е првата прослава на празникот во Куманово. Поголемиот дел од луѓето биле членови на Кумановската револуционерна организација, а меѓу нив имало шивачки работници, чевларски работници, интелектуалец, калајџија, млекар и др.
Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред се во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.
Но, што всушност се празнувало на овој ден во минатото, и какви настани се случиле во светот баш на 1ви мај?
Во 1920тата година, во еден текст Винстон Черчил пишува:

Од денот на Спартак, преку Карл Маркс, па се до Троцки и Роза Луксембург, заговорот од најголем размер кој тежи кон разорување на цивилизацијата и воспоставување на реконструирано друштво на база на сопрениот развој, намерна злоба и неединство, постојано расте. Тој заговор има одиграно сосема препознатлива улога во трагедијата на Француската револуција и бил главен поттик за секое субверзивно движење во текот на 19от век. И конечно, оваа банда на чудни личности од подземјето на големите градови во Европа и Америка цврсто го зграпчи рускиот народ и стана неограничен господар на огромната империја… 
Од изворите со кои што располагаме, знаеме дека Спартак е псевдоним за Адам Вајсхаупт, професорот од универзитетот во Инголштад, кој на 1ви мај 1776тата година го основал редот на Баварските Илуминати.
Дали модерниот празник на трудот има симболика пред која што широките народни маси си го затвараат погледот?
Во древните времиња, Галите го празнувале Белтан (Белтејн) – празник посветен на почетокот на летото. И Келтите и останатите народи од северот го почитувале овој празник. Вечерта на 30ти април, младите се собирале во шумите, подготвувајќи оган и дрво околу кое што подоцна танцувале. Исправеното дрво симболизирало кип на фалус кој се користел во старите времиња, а по воведувањето на христијанството во Европа бил заменет со мајското дрво. Во Рим бил празникот Вулканалија, а во Елевсинските мистерии во овој период се принесувале жртви на Деметра. Ова е и традиционален празник во Ирска.
Фестивалот Белтејн или Валпургиска ноќ е втор најголем празник во календарот на Друидите. Огромните огнови се палат за да се пречека божицата на земјата.
Во 303тата година од нашата ера, Диоклецијан се разболел и абдицирал – на 1ви мај.
1707  – Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија.
Во 1776тата година, на 1ви мај се основани Баварските Илуминати.
1834 – Британските колонии го укинуваат ропството.
1886  – Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
Во 1945та година, на 1ви мај Адолф Хитлер бил прогласен за мртов (откако наводно се самоубил претходниот ден – на 30ти април околу 3 часот и 30 минути). На истиот датум умрел и Јозеф Гебелс, министерот за народна просвета и пропаганда.
Во 2011тата година, на 1ви мај претседателот на САД Барак Обама објави дека е убиен Осама Бин Ладен.
И така натаму…
Ж. М. Славински во Кратката енциклопедија на парапсихологија и херметизам ја дефинира „Валпургијската ноќ (нордијски и тевтонски):  Ноќ во очи на први мај кога се одржува вештерскиот Сабат на некоја висока планина“.
Извор: loza.mk

  
Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, органи

Пронајдете не на следниве мрежи: