20.000 грешки на новиот берлински аеродром

Наместо да објават ден за отворање на новиот аеродром во Берлин, кој до сега веќе доцни од првично најавениот краен рок, надлежните алармираат на класифицирани структурни грешки, а до сега се најдени 20.000.
Според  весникот Bild am Sonntag, десетици илјади ситници се идентификувани до сега, од грешки во вентилацијата до вградени скршени тули.
Бордот задолжен за новиот аеродром нареди системски да се решаваат проблемите еден по еден.
На секој дефект дадена му е оценка од А (што е грешка од највисок приоритет) до Д (грешка со низок приоритет)
Рајнер Бомба од Федералното министерство за транспорт, вели за весникот дека приоритет е апсолутна транспарентност и дека тие сакаат не само да се случуваат катастрофи туку и конструктивен процес на изградбата на аеродромот.
Експертите веруваат дека аеродромот нема да биде отворен пред 2014 година. Во минатата недела, одлучено е да се инвестираат десетици милиони евра во модернизирање на стариот берлински аеродром „тегел“, што заедно со „Шонефилд“ на исток, ќе бидат доволни за да се справат со авионскиот сообраќај во главниот град во Германија, во иднина.
МакфаксНаместо да објават ден за отворање на новиот аеродром во Берлин, кој до сега веќе доцни од првично најаве

Пронајдете не на следниве мрежи: