20 реченици кои драстично ќе ви го подобрат животот – I дел

Џеф Хејден вели дека најголемиот проблем со донесувањето на некоја одлука за да се направи нешто е чекањето на вистинскиот момент да се направи тоа. Зошто да одложувате нешто што навистина сакате да го направите? Нешто што вреди да се прави, треба да се направи во истиот момент. Ова се 20 работи кои треба да си ги кажете на себе си оваа недела – не затоа што планирате да направите нешто, туку бидејќи веќе сте го сториле тоа. Секоја од овие работи е лесна за постигнување и нема да ви одземе многу време и енергија.1. „Конечно ми тргна!“
Имате планови, имате цели и идеи. На кого му е грижа за тоа? Немате ништо сѐ додека не направите нешто. Секој ден, некое двоумење и несигурност нѐ спречуваат да ги остваруваме нашите идеи. Стравот од непознатото и стравот од неуспехот често се главна причина зошто не сте ги оствариле вашите цели. Изберете еден план, една цел, или една идеја и почнете. Направете нешто. Само еден мал чекор. Првиот чекор е еден од најтешките. Секој следен чекор ќе биде многу полесен.
2. „Тоа е моја вина“
Секој прави грешки, но она што е главен проблем е фактот што е полесно да се обвинуваат другите за нашите проблеми. Но, ние речиси секогаш сме главните виновници. Преземете целосна одговорност, но не во мазохистички „тешко мене“ начин. Обидете се да бидете попаметни, подобри, побрзи или повеќе креативни наредниот пат.

3. „Ти си одличен!“
Никој не добива доволно пофалби. Никој. Изберете некој кој направил нешто добро и кажете им го тоа. И слободно одете назад во времето. Речете: „Размислував за тоа како добро работеше на овој проект минатата година“. Ова ќе има позитивно влијание. Изненадувачката пофалба е дар кој не го чини давателот ништо, но е бесценета за примачот.
4. „Тоа не беше толку лошо колку што мислев дека ќе биде…“
Најголем страв е стравот од непознатото (барем за повеќето луѓе). Сепак, ништо нема да биде толку тешко или толку страшно како што мислите. Плус, тоа е неверојатно возбудливо за надминување на стравот. Направете нешто што сте мислеле дека никогаш нема да го направите и ќе видите дека тоа и не е толку лошо, колку што сте си го замислувале.
5. „Ќе ти покажам јас на тебе г**но низаедно!“
Еден од најдобрите начини да за мотивација е навредата – било да се работи за тоа да бидете навредени, или да ве навредиле. Искористете го одбивањето како гориво за мотивацијата. Докажете му на некое лице дека не е во право и што најважно, постигнете го она што сакате да го постигнете. Ве нарекуваат детинести и незрели. Не треба да ви биде гајле – тоа е ваша работа. Искористете го гневот за да ја зголемите вашата продуктивност.
6. „Дали можеш да ми помогнеш?“
Ако прашувате некој за помош, веднаш ги потврдувате неговите вештини и вредности и ги пренесувате вашата почит и восхит. Тоа е доволна причина за да побарате некој да ви помогне. Фактот дека ќе добиете помош е како шлаг на тортата на вашите достигнувања.

7. „Дали може да ти помогнам?“
Многу луѓе го гледаат барањето помош како знак на слабост, па се двоумат. Сепак, помошта на сите може да ни биде добредојдена. Но, не само колку да се каже: „Дали има нешто за што можам да ти помогнам?“. Повеќето луѓе автоматски ќе кажат „Не, сѐ во ред.“ Бидете конкретни. Кажете, „Ми останаа неколку минути, сакаш да ти помогнам да завршиш со тоа?“ Понудете помош на начин во кој се чувствува соработка, а не понижувачки тон. Ќе направите вистинска промена во нечиј живот и ќе направите солиден чекор кон создавање на цврста поврзаност.
8. „Направив нешто што никој друг немаше храброст да го направи“
Изберете една работа која другите луѓе не се подготвени да ја направат. Изберете нешто едноставно. Што и да е, направете го тоа. Веднаш ќе бидете поразлични од останатите. Потоа продолжете понатаму. Секој ден направете една работа која никој друг не е подготвен да ја направи. По еден месец ќе бидете посебни. По една година ќе бидете неверојатни и нема да бидете како другите. Ќе бидете свои.
9. „Не ми е гајле што мислат другите!“
Во поголемиот дел од времето треба да се грижите за она што го мислат другите луѓе – но, не и ако тоа се однесува на начинот на живеење на животот што навистина сакате да го живеете. Ако навистина сакате да започнете бизнис, но сте загрижени дека луѓето би можеле да помислат дека сте луди, едноставно игнорирајте ги. Запомнете дека тоа е ВАШ живот и ВАШ животен пат.
10. „Навистина ми е жал“
Сите ние имаме работи за кои треба да се извиниме: зборови, дела, било што. Изберете некој на кого треба да му се извините – колку повеќе е поминато време помеѓу денот кога тоа се случило и денес, толку подобро. Но, немојте вашето извинување на било кој начин да префрлува дури и најмало количество на вина кон другото лице. Речете дека ви е жал, зошто ви е жал и ќе преземете дел од вината. Тогаш и двајцата ќе се чувствувате подобро.1. „Конечно ми тргна!“
Имате планови, имате цели и идеи. На кого му е грижа за тоа? Немате ништо сѐ додека не

Пронајдете не на следниве мрежи: