20 реченици кои драстично ќе ви го подобрат животот – II дел

Џеф Хејден вели дека најдобро е да си поставите неколку полесни цели кои се лесно остварливи, со цел да ја зајакнете самодовербата и подобро да се чувствувате. Зарем не убаво кога ќе остварите некој план или желба кои веќе подолго време ви се мотаат низ глава? И што е најважно: не треба да се одолговлекува доколку сакате да направите нешто. Првиот чекор е најтежок, но штом ќе се направи ќе ви даде полет. Денеска ви го приложуваме вториот дел од статијата.1. „Јас сум крал/ица на светот“
Според професорката Ејми Кади од Харвард, доволни се две минути на „моќно позирање“ – стојте исправено, држете ги рацете надвор или кон небото, или застанете како Супермен со рацете на колковите. Со ова драматично ќе се зголеми вашата самодоверба. Направете го ова во следната ситуација во која знаете дека ќе се чувствувате нервозно, несигурно, или исплашено. Секако дека тоа треба да го направите на место каде што никој не гледа, за да не стекнат погрешен впечаток за вас. Може да звучи чудно, но ова дефинитивно е ефикасно.
2. „Да“
Факт е дека сте зафатени и дека постојат многу причини за да бидете умерени и да ги задржите нештата онакви какви што се. Но, тоа исто така значи дека утре ќе биде исто како и денес. Речете ДА за нешто различно. Речете ДА за нешто страшно. Речете и ДА на можноста од која најмногу се плашите. Кога ќе кажете ДА, вие навистина велите: „Јас верувам во себе.“ Верувајте во себе.
3. „Не“
Сепак, не можете да направите баш сè. Вие не можете да им помогнете на сите. Можеби ќе сакате, но тоа не е толку лесно за постигнување. Понекогаш треба да се каже НЕ: на некоја услуга, некое барање, на некој член од семејството. Понекогаш навистина треба да бидете способни да се фокусирате на она што е важно за вас. Речете НЕ барем еднаш пред крајот на месецот – колку е потешко да се каже, толку подобро. И не грижете се ако некој смета дека сте себични: кога срцето е на вистинското место, ќе имате повеќе време за остварување на вашите цели кои на крајот ќе бидат корисни и за другите луѓе.

4. „Отпуштени сте“
Можеби имате некој вработен што навистина треба да се отпушти, но едноставно немате храброст да го направите тоа. Изберете некој кој ве влече надолу или ве враќа назад, но пуштете го нека си оди.
5. „Можеби не е совршено, но сепак е во ред“
Да, точно е добивате само една шанса за да оставите прв впечаток. Да, совршенството е единствениот прифатлив исход. За жал, нема производ или услуга кои секогаш се совршени и нема проект или иницијатива кои совршено се испланирани. Работете напорно и темелно завршувајте си ги работните обврски. Вашите клиенти ќе ви кажат што треба да се подобри – што значи дека ќе направите подобрувања кои всушност се важни.
6. „Тоа не е моја работа, но на кого му е гајле?“
Без разлика која е вашата улога на работното место, никогаш не сте премногу добри за да ги засукате ракавите, да се извалкате и да завршите некоја физичка работа. Не постои работа која секогаш е премногу здодевна, без задачи и за која сте неквалифицирани. Следниот пат кога ќе видите нешто што треба да се направи, само направете го тоа. Не само што ќе ја завршите задачата, туку и ќе се чувствувате подобро.

7. „Мило ми е што се обидов да го направам тоа на нивен начин“
Секако, сите ние сме поединци (некој не е). Во поголемиот дел од времето ние треба да ги следиме нашите сопствени патеки. Но, понекогаш најдоброто нешто што треба да го направите е да го копирате она што го направил некој друг за да биде успешен. Изберете некој кој го има постигнато она што би сакале да го постигнете и тргнете по тој пат.
8. „Ова беше глупаво. Но, треба да го повториме и наредниот пат“
Понекогаш најглупавите нешта резултираат со убави сеќавања. Направете нешто навидум глупаво, срамно или лудо; колку потешко, толку подобро. Вам веројатно нема да ви се допаѓа што го правите тоа, но резултатот ќе биде сеќавање што секогаш ќе ве натера да се насмеете.
9. „Здраво мамо/Здраво тато“
Вашите родители ве сакаат и го посакуваат најдобро за вас. Тие секогаш ќе бидат на ваша страна кога ќе ви бидат најпотребни. Но, тие нема секогаш да бидат во ваша близина. Затоа, јавувајте им се секој ден за да се слушнете со нив.
10. „Ништо“
Разговорот со самите себе е страшен, но понекогаш, на крајот на денот кога сте работеле напорно и уште сте одвоиле време за пријателите и семејството, правејќи се што е можно за да бидете сигурни дека сите важни делови од вашиот свет се на место и згрижени, треба да заврши со поглед во огледало, насмевка и поздрав до лицето кое го гледате во одразот. Понекогаш најдобар начин да се стави крај на еден исполнет ден е тивкото признание за достигнувањата и уште поважно, исполнувањето.1. „Јас сум крал/ица на светот“
Според професорката Ејми Кади од Харвард, доволни се две минути на „моќн

Пронајдете не на следниве мрежи: