20 намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер

Брзо се расипуваат, или пак го губат вкусот. Не ни е јасно зошто, а причината е едноставна – сме ги ставиле во фрижидер.
Таков пример е маслото, било да е маслиново, сончогледово или некое друго.
Доматите бараат собна температура бидејќи во фрижидер го губат вкусот. Слично е и со дињата.
Сувиот воздух во фрижидерот ги уништува босилокот и магдоносот.
Путерот од кикирики и по отворањето слободно може да се чува на собна температура бидејќи во фрижидер ќе се здрви и ќе биде тежок за мачкање.
Кога купувате лут сос, веројатно го купувате затоа што сакате луто. Но, чувајќи го во фрижидер тој губи од својата лутина. Бидејќи ваквите сосови содржат доста киселина и сол, слободно може да се чуваат на собна температура.
Веднаш штом ќе дојдеме дома таблата со јајца ја ставаме во фрижидер. Но, нели во продавницата стојат на полица? Тоа е затоа што тие комотно можат да седат на собна температура. Дури и се подобри за користење доколку не се во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.