Металург не отпатува во Прешов на дуел од СЕХА лигата

Loading...

 

Македонскиот ракометен шампион Металург не отпатува за Словачка, каде во сабота требаше да го одигра натпреварот од првото коло во СЕХА лигата.

За оваа одлука од Металург ги известиле челниците на СЕХА и клубот од Словачка, Татран Прешов. 

„Иако начелно беше договорено дека календарот на СЕХА мора да ги следи настаните поврзани со Лигата на шампиони, Металург, кој само што се врати од тешките квалификации во Норвешка, е принуден токму во првото коло да патува во најдалечната дестинација, Прешов, Словачка. Официјалниот календар го добивме на 7 септември, а за овие 2-3 дена не беше можно да се најдат авиобилети за толкава група. Металург отиде дотаму што ги редуцира тренерскиот и играчкиот кадар на само 15 лица, за да обезбеди авиокарти. Но, и тоа не помогна“, се наведува на официјалната интернет страница на Металург. 

Од редовите на македонскиот шампион и минатосезонски финалист во ова натпреварување ја отфрлиле можноста за Прешов да тргнат со автобус. 

 

Макфакс

loading...
Loading...