Полуфинални мечеви во Дејвис купот

Loading...

 

Во петок стартуваат полуфиналните мечеви во тенискиот Дејвис куп, Шпанија игра против САД, а Аргентина за противник ја има Чешка.

Давид Ферер и Сем Квери ќе го отворат дуелот на Шпанија и САД во Хихон, додека во Буенос Аирес први на терен ќе излезат Хуан Мартин дел Потро и Радек Штепанек. 

Првиот ден се играат два меча во сингл, во сабота на програмата е игра во двојки, а полуфиналните мечеви ќе завршат во недела со последните два сингл меча. 

Шпанија против САД е ослабена со неиграњето на својот најдобра тенисер Рафа Надал кој сеуште се рехабилитира од повредата. 

„Последните неколку месеци за мене ова беше одлично искуство. Воодушевени сме од фактот што имаме многу квалитетни играчи кои можеме да ги повикаме во репрезентацијата. Голема чест е да се предводи овој тим“, рече шпанскиот селектор Алекс Кореча. 

Шпанија ја брани титулата, минатата сезона во финалето тие со 3:1 ја совладаа Аргентина. 

Аргентинците против Чешка ќе го имаат во составот својот најдобар тенисер Дел Потро, кој не ги послуша лекарите, кои му препорачаа мирување поради повредата на дланката. 

„Во Дејвис купот понекогаш ви е потребна дополнителна енергија, поради тоа сум сигурен дека публиката ќе биде фантастична и дека ќе ми помогне во мојата борба“, рече Дел Потро. 

Шпанија-САД

петок, 14 часот:
Давид Ферер-Сем Квери
Николас Алмагро-Џон Изнер

сабота, 14 часот:
Гранољес/Лопез-Б.Брајан/М.Брајан

Недела, 14 часот:
Давид Ферер-Џон изнер
Николас Алмагро-Сем Квери

Аргентина-Чешка

петок, 15:45 часот:
Хуан Мартин дел Потро-Радек Штепанек
Хуан Монако-Томаш Бердих

сабота, 17:30 часот
Берлок/Шванк-Минар/Росол

недела, 15:45 часот:
Хуан Мартин дел Потро-Томаш Бердих
Хуан Монако-Радек Штепанек. 

 

Макфакс

loading...
Loading...