Неофицијално: Манчестер Сити влегува во „трка“ за Давид Бабунски?

Од 1-ви септември, извршен директор на Манчестер Сити е Феран Сориано, кој на тоа место доаѓа од подпретседателската функција во Барселона.

Според информациите кои пристигаат од Островот, новиот извршен директор на Манчестер Сити ќе се залага да едноставно на некој начин ги „украде“ најдобрите фудбалери на тимот на Барселона од младинскиот погон, веќе е јавно обелоденето дека најпрво станува збор за Серхи Роберто, Жерар Дулоф и Кристијан Тело.

Она што е веќе добро познато на фудбалската јавност, младинскиот погон на тимот на Барселона е премногу квалитетен, тоа се покажа и на вчерашниот дуел помеѓу младите играчи на Тотенхем и Барселона, каде „Каталонците“ прикажаа солидна партија и го добија тој меч со 0-2, со двата гола на Сандро, кој „Еуроспорт“ како што објавивме вчера, на својата официјална фан-страна постави слика од Сандро и го постави следното прашање „Новиот Меси? Новиот Иниеста?“, што значи дека и Сандро е еден од подобрите младинци во тимот на Барселона.

Шпекулациите се секако до некаде точни, но, она што ја интересира македонската фудбалска јавност е тоа дали новиот извршен директор на Сити, Сориано, во својот список би го вметнал и нашиот млад и талентиран фудбалер, Давид Бабунски, кој несомнено е еден од подобрите во младинскиот погон на Барселона а веќе има забележано и тренинг со првиот тим.

Пронајдете не на следниве мрежи: