Чеде, имаме голгетер во Ксанти, Марко Маркоски!!!

Марко Марковски е роден во Белград, има 26 години а веќе има изградено успешна интернационална кариера, важи за еден од подобрите стрелци во Грција.

Игра за Ксанти, до овој момент, на 28 одиграни натпревари има постигнато солидни 10 погодоци за својот тим каде игра од лани.

Од 2008-мата година па наваму голгетерот Маркоски игра успешно во Грција, прво во Калитеа на 53 натпревари постигна 19 голови, потоа наредната сезона се сели во Докса Драма каде на 68 натпревари постигнува импресивни 33 голови.

Во 2005-тата година овој фудбалер има настапено за селекцијата на Србија и Црна Гора за играчи до 19 годишна возраст на Европското Првенство за играчи до 19 годишна возраст.

Останува да видиме дали ФФМ ќе го ангажира овој квалитетен напаѓач кој во Ксанти игра заедно со Марјан Алтипармарковски.

Составот на Ксанти вкупно вреди 13.150.000 евра, колку за илустрација за колку квалитетен напаѓач се работи, Маркоски е втор по вредност на трансфер пазарот, вреди приближно околу 1.300.000 евра.

Колку з а илустрација, колку е квалитетен овој напаѓач, кликнете тука, погледнете ги головите на Маркоски на 2:13 и 4:00. 

Пронајдете не на следниве мрежи: