Уапсен портпаролот на „Анонимуси“

 

Самопрогласениот портпарол на хакерската група „Анонимуси“, Берет Браун уапсен е во Далас и префрлен е во просториите на Федералното истражно биро (ФБИ), јавуваат американските медиуми.

Сé уште не е официјално соопштено зошто Браун е уапсен, освен што една адвокатска фирма од Калифорнија на својот Твитер напишала дека апсењето следело по закани изречени кон агент на ФБИ.

Браун е приведен додека со уште неколку лица бил на видео чат и присутните можеле да чујат гласови на полицајците кои влегле во просторијата почнале да викаатт „лежи доле“.

Тој јавно се претставил како портпарол на хакерската група „Анонимуси“ преземајќи ја одговорноста за рушењето на интернет страниците на Скиентолошката црква и интернет нападите на Виза и Мастеркард платежните картички поради гасењето на Пејпел налогот за плаќање донации за Викиликс.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: