На педесет и четвртата седница на Советот на Општина Карпош, одржана во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет, советниците расправаа по четириесет и осум предлог точки.Учениците од прво до четврто одделение од училиштата во Карпош, во новата учебна 2016/ 2017 година, ќе добијат бесплатни ужинки, додека учениците од прво до седмо одделение ќе добијат бесплатен излет во новата учебна година.
Овие одлуки денес беа усвоени на седницата на Советот на локалната самоуправа. На оваа седница беа изгласани заклучоците за усвојување на Годишните извештаи од работата на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош за учебната 2015/2016 година. Исто така беа усвоени и Годишните програми за работа на десетте основни училишта во Карпош за новата 2016/ 2017 учебна година.
Советниците ги поддржаа и Мислењата за изведувањето на ученичките екскурзии и другите активности кои учениците треба да ги реализираат во новата учебна година во сите училишта кои се наоѓаат во Општина Карпош.
На оваа седница едногласно помина и предлогот за доделување на финансиска помош за настраданите во подрачјата- општините во кои е прогласена кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, и на настраданите граѓани во Општина Карпош, заради зголемениот обем на врнежи на дожд на 06. 08. 2016 година.
Талентираните спортисти и ученици и во наредната година со одлука на Советот на Општина Карпош ќе бидат стипендирани, како и ќе биде доделен кур по деловен англиски јазик на дипломирани студенти, кои се жители на Општината.Учениците од прво до четврто одделение од училиштата во Карпош, во новата учебна 2016/ 2017 година, ќе добијат бесплатни ужинки, додека учениците о