Битолските улици се прскаат со калциум магнезиум ацетат

Општина Битола почна со третирањето на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.Од општина Битола информираа дека во оваа фаза се третираат најфреквентните сообраќајници во овој град, односно улиците „Партизанска“, „Васко Карангелевски“, „Булевар 1 Мај“, „Филип Втори Македонски“ и „Прилепска“.
– Брзината на возење по улиците каде што се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти, рече градоначалникот Владимир Талески при увидот на спроведувањето на денешната акција.
Од општина Битола апелираат граѓаните да се воздржат од користење на материјали за загревање на простории, кои што не се дозволени со закон, а во овој  период општинската инспекција ќе спроведува засилени контролни активности.Од општина Битола информираа дека во оваа фаза се третираат најфреквентните сообраќајници во овој град, односно улиците „Партизанска“,

Пронајдете не на следниве мрежи: