Во центарот на Скопје денеска ќе се одржи трета дедомразовска трка како дел од празничната новогодишна програма на главниот град. На трката ќе учествуваат лица од различна возраст облечени како Дедо Мраз, а должината на патеката за трка е два километра.Таа ќе почне напладне од плоштадот „Македонија“ и ќе продолжи по улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрија Чуповски“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, покрај кејот на Вардар од МНР кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост и ќе заврши на целта – повторно на плоштадот „Македонија“.
Пред и по трката ќе има музичка програма и прогласување на најбрзите учесници за кои ќе следуваат награди.
Дедомразовската трка ја организира Град Скопје, преку Конгресниот центар „Александар Македонски“ и „Прв до врв“, а главен поддржувач е Кока-кола.Таа ќе почне напладне од плоштадот „Македонија“ и ќе продолжи по улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрија Чуповски&ldquo
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.