Денес истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти. Општина Штип ги известува сите граѓани на Штип дека одлуката на Владата на Р.М за продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти (дивоградби) се однесува на објектите кои се изградени до 3 март 2011 година.Продолжувањето на рокот за легализација не се однесува за објекти кои се изградени по овој датум и затоа предмет на легализација нема да биде ниту еден објект кој е изграден по 3 март 2011 година.Сите објекти кои се изградени по овој датум ќе бидат третирани согласно Законот за градење и ќе бидат најостро санкционирани при што трошоците за постапката ќе паднат на товар на граѓанинот кој изградил таков незаконски објекти.
Со оглед на тоа што доаѓа пролетта, период со кој започнуват и градежни зафати, како локална самоуправа, апелираме до сите граѓани да не започнуваат градежни зафати без соодветни законски одобренија за градба од страна на надлежните општински служби бидејќи со тоа ризикуваат негативни последици кои самите ќе ги сносат.
Според статистичките показатели, во Општина Штип се поднеснеи 1178 нови барања за легализација. Комисиите ќе излезат на терен и доколку се потврди дека се изградени до 3 март 2011, ќе бидат издадени решенија за легализација, во спротивно ако се направени по овој датум ќе бидат предмет на понатамошна негативна процедура.Продолжувањето на рокот за легализација не се однесува за објекти кои се изградени по овој датум и затоа предмет на легализација нема да биде ниту