Доделување на филмските награди „Оскар“ во недела

ТВ Сител ексклузивно ќе го пренесува 88-то доделување на филмските награди Оскар во Лос Анџелес, во недела, 28.02.2016.Оскаровското шоу ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, каде ќе се најдат најголемите ѕвезди во филмската индустрија. Меѓу номинираните се големи актерски имиња: Леонардо Дикаприо, Мет Дејмон, Кејт Бланшет, Џенифер Лоренс, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет, Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Кристијан Бејл, Силвестер Сталоне, Рејчел Мекадамс.
Членовите на Американската Академија на филмска уметност и наука ќе ги наградат најдобрите филмови во 2015-та. 12 номинации освои филмот “Повратник”, 10 „Побеснетиот Макс“, a 7 номинации доби „Марсовец“. За Оскар за најдобар филм номинирани се: „Мост на шпиони“, „Бруклин“, “Повратник”, „Побеснетиот Макс“,„Марсовец“, „Соба“, „Обложување на столетието“ и “Spotlight”.

Се очекува ова да биде едно од најблескавите изданија на Оскаровската церемонија на која ќе се појават огромен број филмски и музички ѕвезди како Расел Кроу, Вупи Голдберг, Шарлиз Терон, Морган Фримен, Бенисио Дел Торо, Риз Видерспун, Џулиен Мур, Софија Вергара, Џон Леџенд, Лејди Гага, Д Викенд, Фарел Вилијамс, Сем Смит.
Водител ќе биде популарниот актер, сценарист и режисер Крис Рок, а настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот. Во Македонија петта година по ред Оскаровското шоу ќе се емитува на Телевизија Сител. Коментатор на преносот ќе биде Миланка Рашиќ, чија агенција „Миракс“ и годинава ги откупи ТВ правата за емитување на најгламурозниот светски филмски настан. Заедно со Рашиќ првиот дел од преносот ќе го коментира Александар Ношпал, костимограф и моден дизајнер, едно од најзначајните имиња на македонската модна сцена.
В недела, 28.02., по Дневникот, околу 23:40 ќе започне „Ноќ на Оскарите“. Прво ќе го проследиме пристигнувањето на ѕвездите, а од 1 часот по полноќ започнува „Одбројување до Оскарите“ со куси интервјуа со номинираните за Оскар и поранешните добитници пред самиот театар Долби. Во 02:30 започнува 88-то Оскаровско шоу и предвидено е да трае околу 4 часа.Оскаровското шоу ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, каде ќе се најдат најголемите ѕвезди во филмската индустрија. Меѓу но

Пронајдете не на следниве мрежи: