Преку симболично осветлување на дел од скопското Кале со портокалова боја и официјално започна кампањата на Обединетите нации и Европската делегација во Скопје насловена како „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Оваа кампања ќе биде составена од серија на активности со цел ставање на крај на насилството врз жените и девојчињата низ светот.Во повеќето земји во светот семејното насилство завзема размери на проблем од примарно општествен карактер, проблем кој се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество. Тоа значи дека семејното насилство не може да го сметаме за „приватен семеен проблем“, туку претставува сериозен проблем на општеството кој бара интервенција од заедницата и од професионалните служби.
Во таа насока, за унапредувањето на квалитетот на живеење кај жртвите на семејно насилство, и нивно полесно интегрирање во општеството потребно е креирање и реализирање на програми и активности кои ја опфаќаат оваа целна група како и поддршка во спроведување на кампањи за подигнување на свеста и развивање на осетливост за препознавање на форми на семејно насилство и потикнување на форми на ненасилна комуникација.
Градот Скопје дава поддршка на Националната стратегија за заштита од семејно насилство која претставува еден од основните стратешки документ на Република Mакедонија, предлага и усвојува свои стратешки документи, како што е Стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје, а поддржува и сервис за справување со семејно насилство. Изминативе 3 години Градот Скопје издвои 1,5 милиони денари за поддршка на Семејниот Центар кој функционира во рамките на Здружението нa граѓани Х.Е.Р.А. – Скопје, кое претставува бесплатно и доверливо советувалиште за превенција и заштита од семејно насилство.
Услугите кои се нудат во центарот се психосоцијален третман на жртви на семејно насилство, на сторители на семејно насилство, на малолетни деца кои биле директни жртви на семејно насилство или пак биле сведоци на насилство во семејството, како и цели семејства во кои се вршело, се врши или има ризик да се врши било кој вид на семејно насилство.
Дополнително, центарот обезбедува советување со социјален работник, како и упатување и придружба до соодветни институции и организации. Исто така, во центарот може да се добие и бесплатна правна помош поврзана со семејно насилство. Услугите ги даваат обучен социјален работник и сертицифирани психотерапевти.
Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка за кампањи од овој вид и во иднина ќе продолжи со поддршката на проектите кои имаат за цел справување семејното и родово базираното насилство.Во повеќето земји во светот семејното насилство завзема размери на проблем од примарно општествен карактер, проблем кој се одразува врз економскиот