Во урбаната заедница Нерези завршуваат инфраструктурните активности. Покрај решавањето на проблемот со водоснабдувањето во овој дел на Општина Карпош, асфалтирање на коловозите, тротоарите и новото осветлување, У.З. Нерези „влезе” во втората фаза на изградба на фекална канализација.Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски задоволно истакна дека сите проблеми на граѓаните, во изминатиот период се успешно завршени.
-Правиме фекална канализација која е во должина од 650 метри и вредноста е околу седум милиони денари. Со тоа, ја поврзуваме целата оваа населба која што оди покрај каналот со новата населба во Жданец,. Ова е навистина еден голем инфраструктурен зафат којшто ќе кореспондира заедно со затворање на каналот и ќе биде заедничка инвестиција со Градот Скопје, како и реконструкција и изградба на улицата која што води нагоре кон новата населба во Жданец – рече Јакимовски.
Целокупната инвестиција е околу 25 милиони денари, а работата ја изведува фирмата Евроинвест Инг.
Овој инфраструктурен проект целосно ќе заврши во наредните десет дена.Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски задоволно истакна дека сите проблеми на граѓаните, во изминатиот период се успешно завршени.
–