Во организација на Општина Демир Хисар и среднoто земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола, како и земјоделските училишта од Ресен и Прилеп, во Демир Хисар беше спроведена акција за калемење на диворастечка круша. Околу 80 ученици од овие стручни училишта под стручен надзор на нивните наставници, како и локални жители, калемеа во атарот на селото Журче и манастирот свети Атанасиј каде што беше детектиран најголем број диворастечки стебла од круша.- Со оваа акција се очекува искористување на диворастечката флора што очекуваме да резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисто поднебје какво што е журечкото, вели градоначалникот Љупчо Блажевски. Според него, акцент се дава на крушата бидејќи претставува овошје кое недостасува на домашните трпези и е најзастапена во диворастечка форма токму на ова подрачје.
Градоначалникот Блажевски додава дека со оваа акција и со идните што се планира да се организираат до крајот на оваа и идната пролет, се очекува да се поттикне и местното население за поголема заинтересираност и ангажираност во зачувувањето на природната средина, развојот на еко – селскиот туризам, да се даде поддршка во развојот на природното органско произвоство во руралните средини, како и искористување и промовирање на можностите за рурален развој.
Во големата калемарска акција во којашто како своевидна „претходница“покрај учениците и жители на селото Журче, учествуваа и искусни повозрастни калемари од Демир Хисар и соседните општини, беа калемени околу 1000 дивоисраснати стебла од круша. Тие беа калемени со познати плодородни и висококвалитетни сорти од типот„Кантарка“, Санта Марија“, „Велјановка“, „Клатовка“, Цариградско акче“ и други, известуваат од Општината.
Целата акција ја координараше Јордан Кузмановски, професр во средното земјоделско училиште во Битола.
Акцијата предвидува и следувателна нега во текот на летото врз сите прифатени калеми.- Со оваа акција се очекува искористување на диворастечката флора што очекуваме да резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисто по