Во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање за нарушениот квалитет на амбиентниот воздух заради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10) во текот на пет последователни денови, а врз основа на Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги прогласува следните мерки.Мерки од прв степен, за предупредувања и препораки
– Се апелира до сите граѓани да го користат јавниот превоз.
– Се апелира до граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба.
– Се апелира до граѓаните, при користење на возило, во него да се возат повеќе лица истовремено.
– Се повикуваат возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот.
– Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови.
– Се повикуваат граѓаните да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци.
– Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси (отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали).
– Се препорачува печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.
– Се препорачува редовно да се чистат оџаците.
– Се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови.
– Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со коишто се загадува воздухот во просториите.
– Се повикуваат раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада.
– Се апелира до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје.
– Се повикуваат граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања.
– Се препорачува на одделни категории на населението (малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе) да не излегуваат на улица.
– Се препорачува на граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат.
Градот Скопје продолжува во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот и ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.
Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред сѐ, на стабилната временска состојба, карактеристична за Скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи и за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста.Мерки од прв степен, за предупредувања и препораки
– Се апелира до сите граѓани да го користат јавниот превоз.
– С