Од вчера, 3.5.2016 година, најдобрите цртежи од ликовниот конкурс на тема: „Моето училиште во иднина“ се изложени во трговскиот центар „Капитол мол“.Признанијата и пофалниците за наградените ликовни творби официјално ќе бидат доделени во ТЦ „Капитол мол“ утре (5 мај) во 11:00 часот.
Инаку, во изборот за најдобар цртеж учествуваа околу 500 ликовни творби пристигнати од детските градинки и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром и на Општина Карпош.
Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.
Ликовниот конкурс го организираа Општина Аеродром, Општина Карпош и Европското движење во Република Македонија по повод 9-ти Мај, Денот на Европа.Признанијата и пофалниците за наградените ликовни творби официјално ќе бидат доделени во ТЦ „Капитол мол“ утре (5 мај) во 11:00 часот.