Во пресрет на Меѓународниот ден на храната (16.10.2016), Секторот за дејности од јавен интерес и овластеното лице за контрола и безбедност на храна во градинките и училиштата во Општина Карпош Ирена Калајџиева- Милевска, огранизираат предавање за здрава исхрана во училиштата во Карпош.Под мотото „Храна и здравје“ овие предавања ќе бидат наменети за ученици од седмо, осмо и деветто одделение, од сите десет училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.
Дипломираниот нутриционист Надица Илиевска, на основците од Карпош, ќе им го пренесе своето знаење и важноста од консумирањето на здравата исхрана. Почнувајќи денес во ООУ „Лазо Трповски“ (03.10), па сѐ до крајот на седмицата ( 07.10), нутриционистката ќе ги едуцира учениците за потребата од внесување на здрави прехранбени производи и состојки, како што се зеленчукот и овошјето, како и исфрлувањето на нездравиот начин на исхрана (хамбургери, прекумерна употреба на слатки, како и консумирање на популарната „фаст фуд“ исхрана).
Нутриционистката Илиевска ја нагласи и потребата од внес на доволно количество на вода, со кој ќе се постигне потребниот баланс на здраво и квалитетно живеење.Под мотото „Храна и здравје“ овие предавања ќе бидат наменети за ученици од седмо, осмо и деветто одделение, од сите десет училишта кои