Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ годинава работеа на велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“.По завршувањето на асфалтирањето деновиве започна акција за обележување на велосипедските патеки и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.
Како што информираат од Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваа патеките долж булеварот „Партизански одреди“ од Карпош кон Влае, како и на потегот пред Градежниот факултет. Во наредните денови ќе се бележат велосипедските патеки на булеварот „ВМРО“, како и на булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром и општина Ѓорче Петров, преку општините Центар и Карпош. Гии опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот „ВМРО“ и булеварот „Партизански одреди“ до Порта Влае.По завршувањето на асфалтирањето деновиве започна акција за обележување на велосипедските патеки и поставување на хоризонтална и вертикална сигнали