Дводневна обука за формални и неформални начини на соработка меѓу локални здруженија и локални власти се одржа во Кочани. Обуката е дел од проектот „Подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво“, а е финансиран од Делегацијата на Европската унија.Обуката е поддржана од Националниот ромски центар од Куманово, НВО „Авена“ и општина Кочани и во неа учествуваше ОУ „Раде Кратовче“, како училиште со најголем број ученици од друга етничка заедница.
– Обуката е корисна бидејќи сите учесници споделија искуства кои се произлезени од контактите и соработката со помалите етнички заедници на локално ниво. Се поставија неколку цели и активности, кои што во иднина, со заедничко залагање и труд ќе се реализираат. Се дадоа насоки како во иднина да се практикуваат формалните и неформалните начини на соработка меѓу локалните здруженија и локалните власти во сите институции, присутни на обуката, изјави педагогот во ОУ „Раде Кратовче“ Марија Филипова.
Таа додаде дека како најзасегнати се токму тие, бидејќи во училиштето има 150 ученици од ромска националност. Додаде дека сите учесници на обуката се стекнаке со сертификати.
Освен ОУ „Раде Кратовче“, во обуката учествуваа и претставници од Центарот за социјални работи, претставници од општина Кочани, студенти кои се корисници на стипендија од општина Кочани, како и претставници од невладините „Благородна мисија“, „Авена“ и „Светла иднина“ од Кочани. Ова е прва етапа од проектот, а понатаму ќе следуваат уште две вакви обуки.Обуката е поддржана од Националниот ромски центар од Куманово, НВО „Авена“ и општина Кочани и во неа учествуваше ОУ „Раде Кратовч