Денот на пролетта и екологијата – 21. Март во ООУ „Никола Петров – Русински“ и оваа година беше одбележан со бројни активности.Нaјпрво по разглас се читаа состави и се рецитираа песнички за пролетта и екологијата, а по завршувањето на часовите учениците од одделенска настава ги чистеа училниците и засадуваа саксиски цвеќиња со кои естетски ги уредуваа училниците и холовите.
Учениците од предметна настава чистеа отпад во училишниот двор и околината и засадуваа цвеќиња во училишниот парк. Од страна на учениците од еколошката секција беше изработен плакат за пролетта и екологијата, кој ќе се разгледува по паралелки со цел да се сфати дека заштитата на животната средина е во наши раце и зависи од секој од нас.
Најмалите ученици (I – III одделение) спроведоа цветно дефиле, маскирани во пчели, пеперутки, бубамари, со цвеќенца на главите и делеа еко-летоци на минувачите. Потоа од изработките беше направена изложба. Овие активности се реализираа со активно учество на родителите кои учествуваа во изработката на маските и заедно со своите деца садеа цвеќиња во саксии, со што дадоа свој придонес за заедничка грижа и правилно насочување на учениците.
Со овие активности ООУ „Никола Петров – Русински“ повторно придонесе за развивање на еколошката свест не само кај учениците, туку и кај месното население.Нaјпрво по разглас се читаа состави и се рецитираа песнички за пролетта и екологијата, а по завршувањето на часовите учениците од одделенска настав