Со свечена литургија во црквата Св. Благовештение традиционално денеска во Прилеп беше одбележан патронот на чевларскиот еснаф во овој град, големиот христијански празник Св. Спиридон. Домаќин годинава на ова одбележување беше Борче Вандески, чевлар од Прилеп.„Секоја година традиционално на овој ден го одбележуваме нашиот патрон и заштитник, светителот Свети Спиридон. Овој празник чевларите во Прилеп го одбележуваат повеќе од 100 години. Заедно со мојата фамилија денеска сме многу среќни и радосни што сме домаќини и на сите православни верници им го честитам овој празник“, рече Борче Вандески, чевлар од Прилеп.
Идниот домаќин за 2017 година е Спиро Наумоски кој рече дека оваа традиција со векови се почитува во Прилеп, а неколку дена пред славата, домаќинот одел од куќа на куќа канејќи ги гостите за денешниот ден.
„Чувството да се биде домаќин е прекрасно бидејќи се работи за заштитник на нашиот занает Свети Спиридон. Исто така уште повеќе ми е мило што сум домаќин за наредната година бидејќи и јас го носам името Спиро. Се надевам дека идната година ќе ја дочекаме уште порадосно, побериќетно за целиот македонскиот народ, а особено за чевларите“, кажа Спиро Наумоски, чевлар од Прилеп.
На овој чин присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на чевларскиот еснаф им го честиташе нивниот патрон празник.
„Во оваа прилика им го честитам големиот христијански празник Св. Спиридон на чевларскиот еснаф од Прилеп и на сите православни христијани, да имаат многу здравје, среќа и успех во новата 2017 година. Исто така го честитам овој голем ден на сите оние кои носат името на Св. Спиридон и секако го честитам големиот јубилеј 35 години од Архиерејското служење во МПЦ-ОА на неговото високопрештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.„Секоја година традиционално на овој ден го одбележуваме нашиот патрон и заштитник, светителот Свети Спиридон. Овој празник чевларите во Прил