Општина Берово денеска го слави 23 август – Денот на ослободувањето на градот.По тој повод делегации на општина Берово, Сојузот на борците и политичките партии положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ од Берово и Малешевијата.
Во салата на општина Берово се одржа свечена седница на која градоначалникот Драги Нагински се осврна на активностите и реализираните проекти од страна на општината, а беше прикажан и краток видео материјал со сите реализирани проекти, оние кои се во тек и ново планираните.
На најуспешните фирми, поединци, спортски и културни работници им беа доделени благодарници.
По тој повод делегации на општина Берово, Сојузот на борците и политичките партии положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ од Б