До Социјалдемократски Сојуз на Македонија и Здружение на граѓани „Протестирам“.Ги почитуваме демократските начела преку кои граѓаните можат да ги искажат нивните незадоволства, да ги бараат правата доколку тие им се ускратени и да предлагаат предлози кон институциите, со кои предлози ќе се подобрат условите за живеење во општеството, но никако не можеме да сфатиме и да разбереме како со „демократски протести“ можат да се сквернават спомениците и бистите на нашите дејци и претци, кои се бореле за да ја имаме денешната слобода како Македонци, со Македонски национален идентитет.
Почитувано претседателство на СДСМ, Како организатори на овие протести, ние граѓаните од Малешевијата, граѓаните од Општина Берово, бараме од Вас јавно да ни се извините за неодамнешното сквернавење и вандалско однесување на Вашите членови кон споменикот на Димитар Поп – Ѓорѓиев Беровски и на војводата Дедо Иљо Малешевски. За нивното значење нема да Ви зборуваме, затоа што сметаме дека ги знаете нивните дострели и заложби во борбата за независна, суверена и слободна Македонија.
Но, ќе Ве предупредиме дека како членови на претседателството на СДСМ, кога доаѓате во Берово, е срамно да ги вршите Вашите политички активности околу нивните споменици кои ги има и во нашиот град, и да го посетувате Општинското Основно Училиште, кое го носи името на војводата Дедо Иљо Малешевски, за да им кажувате и на вработените и на учениците дека Вие сте тие кои мислите за нивната иднина.
Вие ги пониживте граѓаните на Општина Берово и таквото понижување не’ води кон тоа да се амнестираме од било каква одговорност ако при Вашите посети на нашиот град Ви се случат непријатности или го доживеете истото што се случи на нашите дејци во Скопје.
Треба да знаете, тие се наша гордост. Гордост на Малешевијата. Гордост на Македонија.
Со почит,
Општина Берово
Градоначалник Драги НаџинскиГи почитуваме демократските начела преку кои граѓаните можат да ги искажат нивните незадоволства, да ги бараат правата доколку тие им се ускратени